Заштита на животната средина

Извори и медиуми за трансфер на загадувањето

Од санитарните депонии на комунален отпад најштетен нуспродукт преставуваат процедните води, односно филтратот. Отпадните материи што се внесуваат во водените средини со филтратот имаат многу штетно влијание врз кислородниот режим, а со тоа и врз живите организми кои егзистираат во нив. Штетното влијание произлегува од интензивните процеси и биолошкото разградување, кога се трошат големи количини на кислород кој е потребен за живиот свет.

Заради намалување на ризикот од штетното влијание на филтратот и депонискиот гас препорачано е подетално евалуирање на инженеринг решенијата кои овозможуваат превентивна заштита од неконтролираното истекување на филтрат и депониски гас во соодветните екосистеми, дополнително со вградување на современ мониторинг систем. За прочистување на филтратот неопходна е изградба на соодветна посторјка, чија економичност на експлоатација главно ќе зависи од потребниот степен  на прочистување.

Систем за следење на влијанието на депонијата врз екосистемот

Обавените истражувања при изготвување на предметниот еколошко-трехнолошки проект укажуваат дека  на депонијата Дрисла и е неопходен современ мониторинг систем.

Овој систем треба да овозможи:

  • следење на функционирањето на депонијата
  • успешно спроведување на технологијата на санитарно депонирање; и
  • постигнување на потребната заштита  на животната средина и заштита на вработените на депонијата.

Посебен проблем во одржувањето на квалитетот на воздухот се очекува да претставува метанот, и тоа како на локално така и на глобално ниво (го предвидува феноменот стаклена градина). По активирање на инсенераторот за опасен отпад, во воздухот ќе требе да се деактивираат и гасни флуророди и хлориди, вкупни органски материи (ТОС) и таложливи материи со тешки метали во нив (олово,кадмиум и талиум).

Избор на концепција за минимизирање на количини   на цврст отпад за депонирање

Идната експлоатација на депонијата Дрисла се базира на напоредно спроведување на преветивната стратегија во управувањето со цврстиот отпад. Основна цел на оваа стратегија е смалување на штетното влијание на цврстиот комунален отпад врз животната средина.Оваа цел се предвидува да се постигне со минимизирање на количината на отпад за депонирање по пат на селективно собирање, проследено со сепарирање на отпадот. Притоа се очекува да се создадат услови и за отстранување на дел од опасните материи кои ги содржи отпадот.

За успешно спроведување на овие мерки на превентивната стратегија препорачано е реализирање на следното:

  • воведување систем на селектирано собирање на отпад во посебни контејнетри за мешан и сув отпад;
  • инсталирање линија за сепарирање на пластика, хартија и метали;
  • изградба на постројки за согорување на болнички отпад и сепарирана отпадна пластика, кожа, гума; и
  • инсталирање систем за наменско користење на депонискиот гас и топлина од согорување на отпад.

Економика на инвестирање, еколошки  придобивки  и  динамика на реализација на приоритетире проекти

Еколошко-економската евалуација на идната експлатација на Дрисла се базира на претходно утврдениот развоен концепт за оваа санитарна депонија. Основите на овој концепт, заедно со динамиката на реализација на пооделни проекти и потребни инвестиции по години, се прикажани во Акциониот план на наредната страна.

Развојните активности на краткорочен план се усмерени кон разрешување на присутните најакутни проблеми кои се сврзани со обезбедувањето технички предуслови за еколошко одвивање на технолошките фази на одлагање и покривање на отпадот , како и зафаќање на филтратот како најопасен за екосистемот нуспродукт од санитарното депонирање.

Во економската евалуација се опфатени и трошоците за тековното работење. Овие трошоци се однесуваат на следното:

  • експлоатација на мобилна депониска механизација;
  • снабдување со горива, енергети и резервни делови;
  • одржување на објекти, опрема и енергетски системи;
  • опслужување на работа и одржување на системите за зафаќање и третман на филтрат, депониски гас и површински и подземни води;
  • користење на мониторинг систем, узоркување и лабораториско испитување на мостри од вода, гас цврст отпад
  • трошоци за плати и надоместоци за работната сила и техничката и административна управа.

Економското евалуирање е извршено врз основа на следните критериуми и претпоставки:

  • работа на Дрисла во услови за одлагање на отпад без претходно селектирано собирање и сепарирање;
  • пораст на количина на цврст отпад што се депонира по стапка од 2% годишно;
  • просечна цена на одлагање на отпад  11 еура / тон;
  • пласман на електрична енергија од сопствено производство по цена од 28еура/мв ч.
  • 100%-но одлагање  на генериран отпад во урбани и 90%-но одлагање на генериран отпад од рурални населби;
  • пораст на оперативни трошоци за првите пет години по стапка од 5% годишно, а потоа по стапка од 2% годишно , и друго.

Еколошките ефекти што ќе произлезат од реализирање на предложените приоритетини проекти, иако вредносно не можат да се изразат, се оценети како мошне значајни, и се предвидува да се манифестираат преку;

  • смалување на ризикот по здравјето на луѓето што живеат во руралните населби во близина на депонијата, а со тоа и на торошоците за здравствена заштита на населението;
  • обезбедување поголем и еколошки поприфатлив принос во продукција на зејмоделски и сточарски производи поради користење помалку загадени води земјиште во земјоделието и сточарството;
  • анулирање на можности за појава на болести од недефинирано потекло како резултат на опасното делување на токсични и инфективни материи од индустрискиот и клиничкиот отпад кои ги прифаќа и згрижува санитарната депонија;
  • конзервирање на природните ресурси со претворење на одредени фракции на цврстиот отпад во употребливи суровини и производи по пат на рециклажа;
  • анулирање на потребата од нов земјишен простор за проширување на депнијата преку рационално искористување на предностите што ги нудат природните карактеристики и расположливата инфраструктура на локалитетот на депонијата;
  • индиректна  заштеда  на необновливите извори на енергија преку наменска употреба на топлотна енергија што се ослободува при согорување на депониски гас и клинички и друг вид согорлив отпад;
  • индиректна заштеда на необновливи извори на енергија поради значително стакло од комуналниот отпад, во споредба со случај на нивно производство од примарни суровини;
  • помала емисија на загадувачки супстанции при рециклажа на отпадот, во споредба, во случај на производство на метали, хартија, стакло и пластика од примарни минерални и други суровини;
  • драстично смалување на загадувањето со физичко елиминирање на неконтролиран продор на филтрат и депониски  гас во екосистемот; и
  • индиректно  позитивни еколошки  ефекти во урбаните и другите средини поради подобрување на квалитетот на живеење и продуктивноста на трудот како резултат на навремено и еколошки безбедно прифаќање и згрижување на комуналниот и клиничкиот отпад во рамките на Дрисла.