НОВОСТИ

ИЗВРШЕНА РЕДОВНА ГОДИШНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕРАТИЗАЦИЈА И ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Со цел да се спречи секое негативно влијание на работниот простор и средина во депонијата Дрисла како врз секој вработен така и врз животната средина се преземаат повеќе активности.
Одделението за лабораторија покрај мониторингот на површински и подземни води задолжено е за вршење на дезинфекција, дератизација и дезинсекција на административниот и депониски дел.
ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА претставува една од основните мерки во спречувањето и сузбивање на заразни болести. Со дезинфекцијата се уништуваат и отстрануваат сите врсти на патогени микроорганизми.
Во административниот дел се врши секојдневни дезинфекција на подните површини, се дезинфицира со пумпа прскалка и се користат мали пумпици за дезинфекција на раце.
Во депонискиот дел дезинфекција се врши со перење и прскање на пристапните патишта и платформи со раствор на вода со натриум хипохлорид.
Други хемиски средства кои се користат за дезинфекција се Дезинтал, Екосал ултра и Алкасепт.
ДЕРАТИЗАЦИЈАТА ги уништува глодарите а со тоа се спречува нивно влегување и размножување во просториите. Покрај материјалните штети кои ги предизвикуваат глодарите, тие исто така се и преносители на голем број на заразни болести. Заради успешно справување со овие штетници во депонија Дрисла се врши системска дератизација.
Поставени се кутии со мамци, околу сите објекти, извршено е и внатрешна дератизација на простории. Направени се две целосни дератизации и две рутински контроли.
Поради специфичната конфигурација на теренот во Дрисла има појава и на влечуги/змии од кои некои се отровни. За заштита и спречување на контакт и евентуално влегување на змиите во административниот простор поставени се 15 соларни репелери за влекачи. Овие сонди испуштаат вибрации на 40 секунди во земја и покриваат радиус од 500м2.и се покажаа како успешна заштита.
ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА е исто така битна активност со која се врши сузбивање на инсекти, се спречува нивно навлегување во простории, градежни машини и камиони. Некои од инсектите претставуваат преносители на заразни болести и затоа е потребен систематски пристап.
Работниот простор во Дрисла е околу 55 ха, заради големината на површината во Дрисла се врши Авионска дезинсекција и дезинсекција со машина од земја.
Извршени се три Авионски дезинсекции (Јуни, Јули, Август). Нашата општествена одговорност ја покажуваме со третирање и надвор од границите на депонијата на површината маркова река во с.Батинци и шумовитиот дел во потокот Мечкин дол. Овие површини се исто така три пати третирани.
Со специјална машина за дезинсекција исто така три пати истретиран е и админстративниот дел (работните простории однадвор) пристапните патишта и платформи во депонијата, печката за согорување на медицински отпад и станицата за рециркулација на отпадни води.
 

ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ