НОВОСТИ

ИЗВЕДЕНА АРМИРАНО - БЕТОНСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОСТРОЈКА ЗА ТРЕТМАН НА ИНДУСТРИСКИ ОТПАД AXIS 9000 и AXIS 11000

 
Во текот на 2015 година, менаџерскиот тим согледа потреба од измена и одредени отстапки во однос на основниот проект изработен од фирмата Ин Пума за армирано бетонско плато и пристапни патишта со сообраќајници, со цел да се подобри функцијата и прилагоди кон потребите на работната организација. Измените се согледани претежно во ориентација и промена на габаритот на објектот произлезена од зголемување на постројката за индустриски отпад. Изработен е геодетски елаборат за ископ на вкупни количини на земја за потребите од зголемување на димензиите и измените. Извршено е ископ и транспорт на земја со вкупна количина од 75.000 м3, теренот со булдожер е израмнет и набиен со ваљак.
Во 2015 година целосно е изведено армирано бетонско плато со димензии 92 х 55 метри или 4.920 м2 површина. Платото е изработено од армирано бетонска плоча МБ40 со дебелина од 25 см. Под плочата е поставен слој од тампон 30 см и збиена почва д=30см. Под тампонот е положена геомрежа за стабилизација sekugrid Q120/120Q6, вкупно 4.640 м2. Извршено е набивање на материјалот со ваљак. Геомеханичките карактеристики се презентирани во елаборат изработен од Завод за испитување на материјал при Градежен факултет Скопје. Исто така, се изведени армирано бетонски анкери, претходно обложени со геотекстил за столбови за конструкција на халата каде ќе биде сместена постројката за индустриски отпад.
За потребите од простор за изградба на постројката за третман и преработка на индустриски отпад AXIS 9000 и AXIS 11000 и постројката за селекција и рециклирање на цврст комунален отпад изведени се армирано-бетонски канали околу просторот за заштита и одводнување на атмосферската вода, во должина од 963 метри, и тоа:
Армирано бетонски трапезен канал со димензии 0,9 х 1,0 метри – ровот на каналот е целосно обложен со геотекстил 300 гр, вкупна должина 112 метри.
Армирано бетонски канал со димензии 50 х 50 метри – обложен со геотекстил 300 гр, вкупна должина 457 метри.
Армирано бетонски канал со димензии 40 х 40 метри – обложен со геотекстил 300 гр, вкупна должина 185 метри.
Армирано бетонски канал со димензии 30 х 30 метри – обложен со геотекстил 300 гр, вкупна должина 110 метри.
Исто така, целосно се поставени бетонски рабници и сливници на пристапниот пат со сите сообраќајници до постројката. Пристапниот пат е целосно тампониран до следната фаза асфалтирање.
На просторот предвиден за фабриката за рециклирање по претходно извршени геодетски снимања и изработени геодетски елаборати извршен е ископ, утовар и транспорт на 150.000м3 земја. Извршено е рамнење на теренот со булдожер. Фирмата ГЕОС изврши геолошки бушотини на теренот со изработка на гелошки елаборат за стабилност на тлото.
Исто така, изработен е пропуст Ф1000 во должина од 24 метри за одводнување на атмосферските води, од ободните канали околу постројката и просторот за фабриката за рециклирање.
 

ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ