ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Извори и медиуми за трансфер на загадувањето

Од санитарните депонии на комунален отпад најштетен нуспродукт преставуваат процедните води, односно филтратот. Отпадните материи што се внесуваат во водените средини со филтратот имаат многу штетно влијание врз кислородниот режим, а со тоа и врз живите организми кои егзистираат во нив. Штетното влијание произлегува од интензивните процеси и биолошкото разградување, кога се трошат големи количини на кислород кој е потребен за живиот свет.

Заради намалување на ризикот од штетното влијание на филтратот и депонискиот гас препорачано е подетално евалуирање на инженеринг решенијата кои овозможуваат превентивна заштита од неконтролираното истекување на филтрат и депониски гас во соодветните екосистеми, дополнително со вградување на современ мониторинг систем. За прочистување на филтратот неопходна е изградба на соодветна посторјка, чија економичност на експлоатација главно ќе зависи од потребниот степен  на прочистување.

Систем за следење на влијанието на депонијата врз екосистемот

Обавените истражувања при изготвување на предметниот еколошко-трехнолошки проект укажуваат дека  на депонијата Дрисла и е неопходен современ мониторинг систем.

Овој систем треба да овозможи:

  • следење на функционирањето на депонијата
  • успешно спроведување на технологијата на санитарно депонирање; и
  • постигнување на потребната заштита  на животната средина и заштита на вработените на депонијата.

Посебен проблем во одржувањето на квалитетот на воздухот се очекува да претставува метанот, и тоа како на локално така и на глобално ниво (го предвидува феноменот стаклена градина). По активирање на инсенераторот за опасен отпад, во воздухот ќе требе да се деактивираат и гасни флуророди и хлориди, вкупни органски материи (ТОС) и таложливи материи со тешки метали во нив (олово,кадмиум и талиум).