ЛОКАЦИЈА
Локацијата на санитарната депонија Дрисла се наоѓа во сливот на Маркова Река на спротивната падинска страна од селото Батинци, 14 км. југоисточно од центарот на Скопје.
Избраната локација ја карактеризираат дебели слоеви на водонепропустлива глина, која обезбедува поднослива заштита на подземните води и континуирано следење на нивниот квалитет преку системот на пиезометри.
Локацијата е избрана врз основа на респектирање на криетриумите кои овозможуваат:
- обезбедување потполна санитарно-еподемиолошка сигурност,
- спроведување потребна заштита на земјиштето, воздухот и водите,
- рационално користење на земјиштето,
- минимизирање на трошоците за одлагање и минерализација на отпадот, и
- создавање услови за користење на несоодветна механизација за изведување на постапката на санитарното депонирање.
Во Република Македонија не постои друг современ објект за депонирање на цврст отпад, ниту пак објекти за негов третман по пат на некоја од современите постапки за термичо-биолошка обработка.