ДЕПОНИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД

Во Република Македонија не постои друг современ објект за депонирање на цврст отпад, ниту пак објекти за негов третман по пат на некоја од современите постапки за термичо-биолошка обработка.

Комуналните проблеми пропорцинално растат со бројот на населението. Регионот на Скопје претставува најгусто населен простор  на Република Македонија, каде според последниот попис на населениото имало 545.000 жители, или над 25% од вкупното население на државата.

Од оваа население 100.000 жители живеат во руралните населби, а останатото во градското подрачје.

Депонијата Дрисла е димензионирана да прими приближно 26.000.000 м3  милиони тони цврст отпад, што одговара за прифаќање на целокуниот комунален отпад од домаќинствата и работните и трговските установи на  на територијата на Град Скопје и пошироко, за период од најмалку 30 години.

Одделението за прием на отпад во рамките на ДРИСЛА - СКОПЈЕ ДОО е задолжено да врши прием на комуналниот и медицински отпад собран од територијата на Град Скопје, но и за уништување односно депонирање на отпад и од други стопански субјекти и државни институции по нивно барање, водејќи сметка отпадот да биде на листата на видови на отпад кој е дозволен да се депонира.

Технолошкиот процес започнува од влезот на депонијата. Комуналните возила прво се мерат на електронската вага со што се утврдува тежината на отпадот.

После мерењето возилата се движат во правец на депонијата по таканаречени времени сообраќајници т.е ги при прифаќа Одделението за депонирање.


Во Одделението за депонирање, на предвиденото место за истовар на отпадот или т.н. сврталиште, се врши маневар на преземениот отпад од Одделението за прием на отпад, а потоа се пристапува до т.н. платформа и се истовара отпадот.

Градежната машина утоварач врши краток пренос на отпадот надвор од платформата и истиот го презема булдожер, го носи до предвиденото место и го планира во слоеви. Потоа, градежната машина компактор го врши набивањето на отпадот.

Нагибот на сипаните слоеви е со надолжен пад од 4% што овозможува отцедување на водите од врнежите кон земјините одводни канали, со што значително се намалува количината на филтратот и се исклучува можноста од заразување на водата. Телото на депонијата се состои од плато на кота 440 м.н.в и косини кои го поврзуваат платото со природниот терен. Наклонот на косините 1:2,9. На секои 10 метри висина се изведуваат хоризонтални ленти т.н. берми со ширина од 5,0 метри. Површината на завршното плато изнесува 33 ха. Формираните косини се покриваат со инертен материјал, а потоа со хумус со дебелина од 0,7 м и се потревнуваат. На најниската кота на тлото на депонијата се наоѓа насипна брана, т.н. филтер призма, за заштита на тлото од површинска ерозија.

Процесот на биолошко распаѓање или ферментација на сметот се одвива во 2 фази: аеробна (со присуство на кислород) и анаеробна (без присуство на кислород). Како резултат на овие процеси се појавува филтрат (содржи зголемени количини филтрати, хлориди и сулфати), гасови (метан, водород, сулфурводород) и извесно количество на топлина.

Количината на филтратот изнесува од 10 до 15% од вкупните врнежи, но е опасен во санитарен смисол, заради неговото загадување кое е 5 до 10 пати поголемо од загадувањето на домашните води.

Процесите на издвојување на гасови траат од 5 до 10 години, а и повеќе од моментот на затворањето на депонијата.

Траењето на прочистување и минерализација на отпадоците изнесува 15 до 25 години после затворањето на депонијата.

Технолошкиот процес што се применува за санитарно депонирање е значајна од неколку аспекти:

–          стабилност на телото на депонијата;
–          отстранување на можноста од создавање на воздушни чепови каде би се собирал продуцираниот депониски гас;
–          оптимално пополнување на депонијата; и
–          смалување на можноста од продор на филтрат во подземните води.

После извршените операции на депонијата, комуналните возила се упатуваат во пералната каде се врши перење на долниот строј.

Во изминативе години од работењето на депонијата Дрисла се депонирани следните количини на отпад дадени во тони:

 
1994 3.790
1995 28.218
1996 54.361
1997 152.042
1998 139.598
1999 148.552
2000 165.546
2001 139.007
2002 160.598
2003 145.306
2004 153.234
2005 158.215
2006 147.438
2007 137.528
2008 145.618
2009 149.646
2010 138.217
2011 151.842
2012 149.736
2013 155.429
2014 167.654
2015 172.679