с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА – ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ

ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА – ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ

22 јануари 2021 drisla2 Comments Off

Депонијата Дрисла на 21.01.2020 година со Одлука на Советот на Град Скопје повторно е вратена под надлежност на Град Скопје, при што со Решение за регистрација од Централен регистар на Р.С.Македонија е трансформирана од Друштво со ограничена одговорност во Јавно претпријатие.

Во најкус рок беа формирани Управен и Надзорен одбор на претпријатието кои на Седница одржана на 06.02.2020 година ги донесоа сите потребни документи врз основа на кои претпријатието може да ги извршува свите активности за кои е основано (Статут на претпријатието, Програма за работа и развој на претпријатието, Финансиски план, Инвестициона програма, План за јавни набавки итн.)

Изминатиот период од 1 (една) година од преземањето на претпријатието од страна на Град Скопје, беше многу тежок период како за целата држава така и за претпријатието, поради воведување на вонредна и кризна состојба како резултат на појавата на вирусот Ковид 19.

Со оглед на тоа што депонијата Дрисла како единствена депонија во регионот е од клучно значење на заштита на животната средина и мора  да работи континуирано 24 часа без прекин.

Но, и покрај големите тешкотии во извршување на тековните активности кои произлегоа од воведување на одредени рестрикции предизвикани од вирусот, преземените мерки за намалување на ширењето на вирусот, а со тоа и намалување на кадарот за работа во претпријатието, ЈП депонија Дрисла Скопје со воведување на нови начини на работа од страна на новиот менаџерски тим, успеа долгот од 175.011.408,00 денари, за една година да го намали на 90.145.380,00 денари односно долгот кон 156 фирми од пред една година да го намали на долг кон само 30 фирми, додека на почетокот на 2020 година претпријатието имаше побарувања од 100.891.151,00 денар, на почетокот на оваа 2021 година има побарувања од 128.228.372,00 денари.

Во 2020 година за период од само 1 (една) година, реализирани се следните активности:

  1. Градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието неколку години наназад беа целосно вон употреба поради големи дефекти и претпријатието работеше со изнајмени машини. Оваа година сите сопствени градежни машини се комплетно сервисирани од страна на механичарите во сервисот на самото претпријатие и се повторно вратени во употреба за тековно извршување на активностите на претпријатието, а со самото тоа се заштедуваат огромни финансиски средства кои претходно се користеа за изнајмување на машини.
  2. Сите обврски кон вработените како плати, придонеси, кредити, извршители, патни налози и сл. се регулирани, а платата вработените ја добиваат навремено уште на почеток на месецот.
  3. Тековното работење на претпријатието се одвива согласно Планот за јавни набавки и Инвестиционата програма без никакви проблеми.
  4. Комплетно е реализирана набавката на автоклавот (стерилизаторот за медицински отпад), целосно е исплатен и испорачан, а во текот на пролетта 2021 година се очекува да биде пуштен во употреба.
  5. Согласно Законот за животна средина и А-интегрираната дозвола која ја поседува ЈП депонија Дрисла Скопје, задолжително е мерење на амбиентниот воздух, а со цел намалување на трошоците на изнајмување на мерна станица, набавена е нова мерна станица за амбиентен воздух со auto update на една минута, која останува во сопственост на претпријатието за наредните години.
  6. Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и процесите на смет на депонија Дрисла согласно Европските стандарди.
  7. Набавен е нов систем за видео надзор, ставен е во функција, со што целата територија на депонијата е покриена комплетно со камери, со што се овозможува целосен мониторинг на функционирањето на претпријатието.
  8. Пуштено е целосно улично осветлување на целата територија и на телото на депонијата, со што се овозможува непречено извршување на работните задачи на вработените во трета смена.
  9. По многу години извршена е набавка на нови возила и тоа старите теренски возила (Лада Нива со производство од 1997 година), се заменети со нови 3 (три) теренски возила потребни за непречено движење по целата територија на претпријатието и по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила.
  10. Телото на депонијата редовно се покрива со земја и е целосно затворено освен делот на кој на дневна основа се исфрла отпадот.
  11. По 10 (десет) години комплетно се отворени дренажните канали околу целата депонија.
  12. Одделението за обезбедување и портирницата се обезбедени со нов монтажен контејнер, добиен како донација.
  13. Оваа година е извршено продолжување на важноста на А – Интегрираната дозволата врз основа на која работи и ги извршува дејностите за кои е регистрирано претпријатието, а која има рок на важност 7 (седум) години.
  14. Претпријатието има воспоставено, документирано, применува и одржува систем на управување и постојано подобрување на неговата ефективност, во согласност со барањата на ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004. Од тие причини во ЈП депонија ДРИСЛА Скопје оваа година изврешна е ресертификација и има воведено стандарди: ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 и BS OHSAS 18001:2007.
  15. Измината година направено е комплетно брендирање на претпријатието за ново лого.
  16. Изработена е нова web страна на претпријатието, која до крајот на месец јануари ќе биде пуштена во употреба и на која ќе бидат поставени сите информации за претпријатието, а кои се од јавен карактер.

Во 2021 година планирани се следните активности:

  1. Набавка на нова градежна механизација, како дополнување на посточката која е во сега во функција.
  2. Набавка на нови комбиња на електричен погон за собирање на медицински отпад од територијата на Град Скопје.
  3. Набавка на нова дигитална бензинска станица согласно стандардите за заштита на животната средина, потребна за точење на гориво во градежната механизација на претпријатието.
  4. Набавка на 3 (три) монтажно/ демонтажни деловни објекти (контејнери) потребни за работниците на депонија.
  5. Ќе се изврши реконструкција на оградата околу целата депонијата и конечно после 20 години ќе биде заштитена од надворешни лица, животни и сл.
  6. Ќе се врши доизградба на објектот во кој ќе биде сместен автоклавот, во рамките на кои се планирани и нови простории за вработените, како и тоалети, соблекувални и тушеви.
  7. Планирана  е набавка на лабораториски инструменти за испитување и мониторинг (испитување на исцедокот од депонијата, пепелта од инсенераторот и сл.)
  8. Планирано е реконструкција и реновирање на постоечките канцеларии и магацинот.
  9. Ќе се  врши изведба на монтажен магацин и настрешница за работилница за градежни машини.
  10. Ќе се набавуваат контејнери за транспорт на отпад, итн.