Секое правно и физичко лице може да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Барање се поднесува на образец утврден од страна на Комисијата (достапен на www.komspi.mk).
Барањето треба да содржи назив на имателот на информации, име и презиме на барателот, фирмата или правното лице, податоци за можен застапник/полномошник, информацијата со која сака да се запознае, начинот на кој сака да ја добие информацијата. Во барањето треба да бидат посочени и адреса, тел. контакт, или е-маил на барателот на информацијата.