с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Согорување на опасен отпад

Согорување на медицински отпад од страна на ЈП депонија Дрисла Скопје

Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад, како и поради своите специфични карактеристики бара посебен третман. Како таков мора да биде одвоен од комуналниот отпад, како при процесот на неговото настанување така и при процесот на неговиот транспорт и третман.

Собирањето и транспортирањето на медицинскиот отпад од Јавните и Приватните здравствени установи до депонијата Дрисла, се врши во контејнери или кутии со помош на две специјални возила за медицински отпад и три комбиња.

За добивање на нашите услуги, корисникот потпишува договор со кој се одредува начинот на кој се врши собирањето на медицинскиот отпад.

Во моментот на потпишување на договорот се договара динамиката на работење по која ќе се постапува. Со поголемите создавачи на медицински отпад се прави договор за собирање и транспортирање на медицински отпад со мерна единица килограм, а со помалите мерена единица кутија со утврдена тежина од 5 (пет) килограми. Мерењето на килограм се врши со вага која е поставена на специјалното возило.

По утврдување на тежината во килограми или броењето на кутиите се издава белешка потпишана од двете странки (давателот и корисникот на услугите).

Како основа за идентификација на медицинскиот отпад се зема амбалажата која треба да биде во жолта боја. Од поголемите создавачи на медицински отпад, каде што се собира на мерна единица килограм, однапред се утврдува денот кога треба да се подигне медицинскиот отпад од причина што може да се испланира. Од помалите создавачи на медицински отпад, каде што собирањето е во кутија (според досегашните согледувања) сите оние што создаваат една или повеќе од една кутија во месецот се со планирана динамика, а од останатите доколку не бидеме повикани ќе бидат посетени во втората половина во месецот или во четвртата недела по предходното собирање.

Поголемите количини на медицински отпад собрани и транспортирани до депонијата Дрисла се мерат на електронска вага во Одделението за прием на отпад, а помалите количини на медицински отпад се мерат на дигитална вага што е поставена кај печката за согорување на медицински отпад.

Медицинскиот отпад што треба да биде согорен може да биде донесен со возило на ЈП депонија Дрисла или со возило на странките.

За потребите на Здравствените установи од Градот Скопје и околината, а согласно Решението на Министерството за здравство, во кругот на депонијата Дрисла е поставена печка за согорување на медицинскиот отпад – инсенератор, во која се врши третман на собраниот, транспортираниот и примен медицински отпад или лекови со поминат рок.

Печката за согорување на медицински отпад – инсенератор е донирана на Р.Македонија од Британската Влада и донесена е на локалитетот Дрисла во Февруари 2000 година, а пуштена е во употреба во Април 2000 год.

Инсенераторот лоциран во депонија Дрисла е со основна намена за согорување на медицински отпад и лекови со поминат рок. Но, исто така во него може да се согорува и друг вид на отпад по барање на правни и физички лица.

За нормално функционирање на инсенераторот, ЈП депонија Дрисла Скопје располага со: главен проект, филтер, челична настрешница, ограда, резервоар за манипулативно гориво од 10 тони, скали и платформа, бетонска плоча, тампонирање на манипулативно плато и граничници, објект за вработени, громобранска инсталација и агрегат.