На 21.02.2022 година на депонијата Дрисла е промовиран новиот стерилизатор (автоклав) за медицински отпад, на чиј настан беа присутни раководители од надлежните сектори во Градот Скопје, надлежни експерти од ЈП депонија Дрисла Скопје, како и претставници од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина.
Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад, како и поради своите специфични карактеристики бара посебен третман. Како таков мора да биде одвоен од комуналниот отпад, како при процесот на неговото настанување така и при процесот на неговиот транспорт и третман.
Во ЈП депонија Дрисла Скопје, медицинскиот отпад и лекови со поминат рок од април 2000 година се согоруваат во печката за согорување на отпад, донирана на Р.Македонија од Британската Блада.
Со новопристигнатиот стерилизатор (автоклав) за медицински отпад кој е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет од познатата италијанска марка CISA Дрисла станува современа депонија. Ги исполнува сите стандарди за животна средина и CEI стандарди.
Стерилизаторот е со капацитет од 2000 литри што значи може да се третираат 350 кг на час и ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот е опремен со шредер и го намалува до 80% волументот на отпадот како и сувата вакум пумпа која ќе придонесе за заштеда на потрошувачка за вода и до 98%, како и системот за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината.
Стерилизаторот е тежок 2.5 тони со димензии 5х6х7 метри. Машината е дизајнирана за шредирање и стерилизација на отпад со висок , потенцијално висок, или патоген ризик, како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болнички центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.
Maшината користи еколошка технологија која ги намалува трошоците за отстранување на медицинскиот отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад.
За потребите на стерилизаторот направена е доизградба на градежен објект каде е сместен автоклавот, лабораторија и работни простории, со водоводна и канализациона мрежа, мрежа за доводен високонапонски кабел, оптички кабел за интернет, оптички кабел за видео надзор и напонски кабел за осветлување до просторот за инсталација на автоклавот.
Дрисла е депонија која применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин економски потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните.
ДРИСЛА СТАНУВА МОДЕРНА ДЕПОНИЈА СО НОВ СТЕРИЛИЗАТОР ЗА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД