с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАНИЦАТА ЗА РЕЦИРКУЛАЦИЈА НА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ЈП ДРИСЛА СКОПЈЕ

ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СТАНИЦАТА ЗА РЕЦИРКУЛАЦИЈА НА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ЈП ДРИСЛА СКОПЈЕ

17 јуни 2025 drisla2 Comments Off

Согласно спроведената постапка за јавна набавка на услуга за машинско пробивање и чистење на одводни системи и таложници, во почетокот на месец јуни извршено е хидромеханичко пробивање, чистење на атмосферскиот и канализациониот систем, извлекување на отпадниот талог, негово транспортирање и депонирање на депонијата Дрисла.

Надворешната фирма ангажирана од страна ЈП депонија Дрисла Скопје со специјални возила изврши целосно чистење на талогот и бигорот од таложниците, бетонските канали, дренажната цевка под габионите и системот за одведување на отпадната вода во резервоарите за рециркулација на истата.

Исто така, извршено е чистење на сувите комори, коморите со потопните пумпи и резервоарите за отпадна вода од насобраниот талог како процес на разградување и таложење на цврстите честички во отпадната вода, целосно се исчистени резервоарите и на крај направена е дезинфекција на станицата за рециркулација на отпадни води, а целиот талог со вакумпресс возило одложен е на депонија Дрисла.