с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • НОВИ МЕТАЛНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ТРАНСПОРТ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД

НОВИ МЕТАЛНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ТРАНСПОРТ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД

7 февруари 2023 drisla2 Comments Off

ЈП депонија Дрисла Скопје набави два нови метални контејнери за транспорт на отпад со зафатнина од 10м3, со што продолжува со модернизација, опремување и развој на претпријатието.

Старите метални контејнери на камионите за транспорт на медицински отпад се заменети со нови, со што се овозможува безбедно транспортирање на медицинскиот отпад од јавните и приватните здравствени установи до депонијата Дрисла каде се врши негов соодветен третман.

Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад поради своите специфични карактеристики бара посебен третман и како таков мора да биде одвоен од комуналниот отпад, како при процесот на неговото настанување, така и при процесот на неговиот транспорт и третман.

Покрај посебниот третман на медицинскиот отпад oд клучно значење е и неговиот соодветен транспорт во специјални контејнери, поради што претпријатието обезбеди нови контејнери кои се согласно европските стандарди за управување со опасен отпад.