с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АСФАЛТЕН ПАТ ВО КРУГОТ НА ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АСФАЛТЕН ПАТ ВО КРУГОТ НА ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА

6 август 2025 drisla2 Comments Off

Извршена е целосна реконструкција на асфалтниот пат во кругот на депонијата Дрисла изведен пред повеќе од 30 години. Реконструкцијата е извршена на асфалтниот пат по кој се движат комуналните возила до депонијата во должина од 400 метри и ширина од 5 метри.

Во текот на санацијата беше извршено машинско гребење (од 10см до 12см) на оштетениот постоечки асфалт, поставен е слој од тампонски материјал од дробен камен со дебелина од 20 сантиметри и извршено е машинско асфалтирање на површината со вградување на битуминизиран носив слој со дебелина од 7 сантиметри и абечки слој од асфалт со дебелина од 5 сантиметри.

Со оваа реконструкција се овозможува секојдневно, непречено и безбедно движење на возилата кои транспортираат отпад до депонијата Дрисла.