с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Третман на неопасен отпад

Прием и третман на неопасен отпад на депонијата Дрисла

Процесот на прием и третман на неопасен комунален и технолошки отпад започнува од влезот на депонијата. Комуналните возила се мерат на вага која се наоѓа на влезот на Инсталацијата.

По мерењето, возилата се движат во правец на депонијата кон предвиденото место за истовар на отпадот.

Истоварот на отпад се врши кај работното чело на претходно изведена секција. Откако ќе го истовари отпадот, возило се носи во перална каде што се мие долниот строј и пневматиците на возилото.

Откако ќе се измие возилото, тоа се упатува кон електронската вага и подлежи на второ мерење каде се определува тежината на донесениот отпад. Потоа возилото го напушта локалитетот на депоинијата.

Градежната машина–утоварувач врши краток пренос на истоварениот отпад, надвор од платформата за истовар и истиот го превзема булдожер кој го носи до предвиденото место и го планира во слоеви. По ова, градежната машина–компактор врши набивање на отпадот

Депонирањето на отпадот се одвива во слоеви со вкупна висина од 2,5 метри. Од нив 2,2 метри е набиен смет а 0,3 метри е инертен материјал (земја).

Пред започнување на депонирањето над природниот терен, истиот се чисти од дрвја и грмушки кое се одвива етапно. По целосно оформување на претходниот слој, се отпочнува со депонирање на нов слој. На таков начин се формира телото на депонијата чиј облик е дефиниран од аспект на стабилност на косините.

 

Вкупно примени и депонирани количини неопасен отпад во тони од 1994 до 2023