с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Третман на опасен отпад

Начин на постапување со опасен медицински отпад, како и начин на пакување и обележување на медицински отпад

(„Службен весник на РМ“ бр. 146 од 06.12.2007 година)

Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции (стационари, болници, поликлиники и амбуланти, стоматолошки ординации, ординации кои даваат одредени здравствени услуги, истражувачки лаборатории – институти ветеринарни друштва и слично) кој настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болести кај луѓето и животните.

Медицинскиот отпад се пакува во пакувања кои се со жолта боја и треба да бидат соодветно и безбедно означени со знакот за опасен медицински отпад во црна боја со димензии 7 x 7 cm, а под знакот да стои наслов „Опасен медицински отпад“ на македонски и англиски јазик.

Означените и затворени пакувања се пренесуваат прво во локално собирно место, а потоа се транспортираат по најбрза можна патека на движење до централното собирно место. Централното собирно место за медицински отпад треба да биде одвоен, означен, ограден, покриен и заклучен простор предвиден само за таа намена. Задолжените лица кои постапуваат со отпадот треба да бидат обучени за постапување со медицински отпад и да бидат опремени со работна облека и заштитни ракавици согласно прописите за заштита при работа.

Транспортот на медицински отпад се врши од место каде што отпадот е складиран и во одредениот временски рок утврден со договорот за собирање и транспортирање на опасен отпад со овластено правно или физичко лице, но најмалку на секои два дена.

Медицинскиот отпад се отстранува во инсталации за горење на отпад, или со постапки за третман (дробење, мелење, дезинфекција, стерилизација) за да се доведат во состојба којашто не е опасна по здравјето на луѓето и животната средина, после што може да се рециклира или отстранува како комунален отпад.

Вкупно примени и согорени количини опасен отпад (медицински отпад и лекови) во килограми од 2011 до 2023 година