Автоклавирање на медицински отпад од страна на ЈП депонија Дрисла Скопје
Во текот на 2021 година ќе се изврши промена на начинот на третман на медицинскиот отпад, со што повеќе нема да се согорува во инценераторот туку ќе се стерилизира во Автоклав и ќе се отстранува како неопасен отпад.
Под автоклавирање на медицински отпад се подразбира термички процес при што отпадот подлежи под третман со ниски температури и заситена пареа под одреден притисок (121оС и 1 бар). Овој процес е потребно да трае 60 минути за да се обезбеди целосно неутрализација на инфективноста на медицинскиот отпад. Во одредени случаи на високо инфективен отпад во кој се присутни високо отпорни приони се применува и циклус од 60 минути на 134 оС.