Депонирање на отпад кој содржи азбестни компоненти
За прв пат и на едниствено место на територијата на Република Македонија предвидена е локација и добиена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија за складирање, третман и/ или преработка на отпад (азбест цемент) во депонијата Дрисла во Скопје.
Во близина на влезот на депонијата за комунален отпад изгрдена е парцела во која се ископани три ровови со должина од 25 метри, ширина 5 метри и длабочина 3 метри. Овие ровови се целосно обложени со геомрежа за стабилизација на теренот, а потоа се обложени со заштитна геомембрана (2,5 мм) и геостекстил (4.000 гр/м2) кој за прв пат се употребува во Република Македонија. Во овие ровови се отстранува односно депонира отпадот кој содржи азбестни компоненти.
Капацитетот на депонијата е 1.000 м3 депониран азбест, а во парцелата предвидено е времено одлагање на 100.000 м2 кровна површина – азбестни плочи.
Со изградбата на депонијата за азбест цементен отпад се овозможува заштита на животната средина со самото тoа што кога отпадот од азбест се депонира во соодветни ровови специјално изградени за таа намена и се прекрие со земјен материјал, отпадот комплетно се изолира од природните медиуми и не претставува опасност по животната средина.