с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Град Скопје во координација со јавните претпријатија, спроведува голема пролетна акција 21.3.2022 во 10 скопски општини

Град Скопје во координација со јавните претпријатија, спроведува голема пролетна акција 21.3.2022 во 10 скопски општини

21 март 2022 Дијана Велјановска Comments Off

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Општина Кисела  Вода, Орце Ѓеогиевски, денеска, 21 март, го најавија  почетокот на пролетната работна акција низ скопските општини, на место нарекувано Чешма. Оваа голема акција, што ќе се спроведува во координација со јавните претпријатија, ќе трае  до 27 мај.

Во пролетната работна акција на Градот Скопје во координација со сите јавни претпријатија ќе бидат опфатени сите скопски општини започнувајќи од:

Кисела Вода и тоа од 21 до 25 март,

Карпош од 28 март до 1 април,

Аеродром од 4 април до 8 април,

Гази Баба од 11 април до 15 април,

Чаир од 18 април до 21 април,

Бутел од 26 април до 29 април,

Шуто Оризари од 3 мај до 6 мај,

Центар од 9 мај до 13 мај,

Ѓорче Петров од 16 мај до 20 мај,

Сарај од 23 мај до 27 мај.

Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од  граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што  по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.

Ова е голема работна акција која вклучува координирани активности на градските јавни претпријатија ЈП депонија Дрисла Скопје, ЈП Паркови и зеленило Скопје, ЈП Комунална хигиена Скопје, ЈП Водовод и канализација Скопје, ЈП Улици и патишта Скопје и ЈП Лајка Скопје, кои ќе дејствуваат во доменот на своите работни задачи со цел надминување на предизвиците и реализација на барањата истакнати од граѓаните.