с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ИЗВРШЕНО Е ЦЕЛОСНО ПОКРИВАЊЕ НА ОТПАДОТ СО ИНЕРТЕН МАТЕРИЈАЛ (ЗЕМЈА)

ИЗВРШЕНО Е ЦЕЛОСНО ПОКРИВАЊЕ НА ОТПАДОТ СО ИНЕРТЕН МАТЕРИЈАЛ (ЗЕМЈА)

23 декември 2022 drisla2 Comments Off

Со цел заштита на животната средина и заштита на здравјето на луѓето, а воедно и почитување на стандардите за управување со отпад, депонијата Дрисла изминатиот период работеше напорно на целосно покривање на отпадот со инертен материјал (земја).

Со оглед на тоа што поголем дел од депонијата изминатата година беше непокриен, се работеше на целосно покривање на површина од 1.000м2 за што е извршено ископ, транспорт и планирање на 28.000м3 земја со сопствени градежни машини и камиони.

Депонијата Дрисла која го опслужува регионот на Скопје, со околу 600.000 жители е единствена депонија која поседува дозвола во Република Македонија и работи согласно европските стандарди за управување со отпад.

На депонијата Дрисла се прима цврст комунален и друг вид на неопасен отпад и се применува технологија на санитарно депонирање што подразбира планирање и набивање на отпадот на слоеви и покривање на истиот со инертен материјал (земја).

Главана операција е депонирањето на отпадот кој се одвива во слоеви со вкупна висина од 2,7 метри, од кои 2,2 метри е набиен смет кој се набива со специјализирани машини за набивање на отпад (компактори), исто така во сопственост на претпријатието.