По повод 30 години од изградбата на депонијата и формирањето на јавното претпријатие, а со цел подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и подобрување на условите за работа на вработените, како и грижата за животната средина, ЈП депонија Дрисла Скопје продолжува со осовременување на депонијата согласно европските стандарди за управување со отпад.
По обновувањето на дел од механизацијата во 2021 година, со набавка на четири нови градежни машини, од кои два булдожери и два натоварувачи, потребни за третирање на неопасниот отпад на депонијата Дрисла, за потребите претпријатието за обезбедување на навремени и квалитетни услуги на јавните и приватните установи, ЈП депонија Дрисла Скопје, после долго време го обнови возниот парк со еден нов камион подигнувач и едно комбе за собирање и транспортирање на медицински отпад. Со набавката на новите возила претпријатието ќе ги зајакне своите технички капацитети и ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на функционирањето на самата институција.
ЈП депонија Дрисла Скопје, преку имплеметација и реализација на инвестиционата програма, инвестира и во иднината на претпријатието, во олеснување на работните процеси и во подобрување и унапредување на услугите кои се во служба на корисниците и граѓаните на Град Скопје.
ОБНОВЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА ДРИСЛА