с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ПОСЛЕ 28 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ЈП ДЕПОНИЈА ДРИСЛА КОНЕЧНО ДОБИВА НОВА ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА

ПОСЛЕ 28 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ЈП ДЕПОНИЈА ДРИСЛА КОНЕЧНО ДОБИВА НОВА ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА

18 март 2022 drisla2 Comments Off

На депонијата Дрисла секојденевно се носи околу 560 тони отпад за депонирање,  при што за негово третирање е неопходна соодветна механизација. Градежните машини кои се во сопственост на претпријатието и со кои работи изминатите години се доста стари, амортизирани и во многу лоша состојба, постојано се случуваат дефекти кои секојдневно се сервисираат во рамките на можностите.

За да имаме континуитет во работењето и да не се доведеме во ситуација да се натрупаме со големи количини на отпад од кој може да се шири непријатна миризба, зарази од широки размери и голема еколошка катастрофа, претпријатието изминатите години изнајмуваше градежни машини од надворешни фирми, за што се издвојуваа големи износи на финансиски средства.

Со цел намалување на трошоците за изнајмување на градежни машини од надворешни фирми и сервисирање на старите машини, во 2021 година спроведена е постапка за јавна набавка на нова градежна механизација односно 2 (два) булдожери за депонија и 2 (два) натоварувачи на тркала.

За четирите машини одвоени се околу 40 милиони денари и истите се според најновите европски и светски стандарди за квалитет на градежната опрема и за емисија на издувни гасови, со што се овозможува не само заштеда на гориво туку и подобрување на работните процеси и услугите на граѓаните.