с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 10%

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 10%

1 ноември 2023 drisla2 Comments Off

ЈП депонија Дрисла Скопје изврши пропорционално зголемување на платата на вработените за 10%, и истата започна да се применува од месец септември 2023 година.

Дрисла како социјално и општествено одговорна компанија која согласно дејноста која ја извршува, покрај одржување на здрава и чиста животна средина и поттикнување на еколошката свест на луѓето, се грижи и за благосостојбата на своите вработени.

Преку континуираното подобрување на условите за работа, развојот на човечкиот потенцијал со учество на бројни обуки, семинари и работилници, давањето еднакви можности на сите вработени, ЈП Дрисла ги наградува своите вработени за нивниот придонес во унапредувањето на работењето на претпријатието.

Со оглед дека задоволните вработени се суштина за успех во компанијата, ЈП Дрисла втор пат оваа година ги покачува платите на вработените, со што се стимулира подобрување на стандардот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи.