ЈП депонија ДРИСЛА Скопје вклучена во денешната работна акција во соработка со Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар кои започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица Мајка Тереза, спроти Клиничкиот центар.
Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните.
Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните.
РАБОТНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИЈА НА ПРИВАТЕН ИМОТ СПРОТИ КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“ НА 22.3.2022