с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Работна акција за чистење на депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на 22.3.2022

Работна акција за чистење на депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на 22.3.2022

22 март 2022 Дијана Велјановска Comments Off

ЈП депонија ДРИСЛА Скопје вклучена во денешната работна акција во соработка со Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар кои започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица Мајка Тереза, спроти Клиничкиот центар.

Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните.