с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ЈП ДЕПОНИЈА ДРИСЛА СКОПЈЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЛЕТНАТА РАБОТНА АКЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ 04.4.2022

ЈП ДЕПОНИЈА ДРИСЛА СКОПЈЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЛЕТНАТА РАБОТНА АКЦИЈА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ 04.4.2022

5 април 2022 drisla2 Comments Off

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Аеродром на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Аеродром.

Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Екипи на ЈП Паркови и зеленило во рамки на пролетната акција денеска работат на булеварот Србија, а активностите утре продолжуваат на булеварот АСНОМ. До крајот на акцијата ќе се работи и на булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Трета македонска бригада и на улицата 12 Македонска бригада.

Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на големата акција ќе работат на булевар Јане Сандански, улица Васко Карагелевски, булевар Фебруарски Поход, булевар Србија и булевар АСНОМ. На сообраќајниците ќе се врши санација на оштетувањата во асфалтот (со претходно машинско гребење) и санација на оштетените средишни жардиниери. Во текот на наредните денови екипите ќе ја продолжуват санацијата и прередување на оштетените бехатон плочи на тротоарите и направат реконструкција на канализациони шахти.

Одговорните лица за одржување на сообраќајната сигнализација ќе вршат контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација, како и на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општина Аеродром. Исто така, како и во другите општини ќе се обновува и хоризонталната сигнализација на автобуските постојки.

Во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП Лајка оваа недела ќе се постапува на локациите кај Универзитетот American College, трговскиот центар Капитол и околу Железничката станица.

Сите заловени кучиња ќе бидат загрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување на социјалните мрежи и веб страната на претпријатието. Оние кои нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација.

Екипите на ЈП Водовод и канализација работат на булеварите АСНОМ, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Февруарски поход, како и на улицата 12 Македонска бригада. На терен се врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти.

Во големата пролетна работна акција во Аеродром на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Лајка и Дрисла.

Пролетната акција во општина Аеродром почна денеска, 4 април, и ќе трае се до 8 април, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општините Кисела Вода, Карпош  и Аеродром.