с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • ЈП депонија Дрисла Скопје обезбеди пристапна рампа за лицата со попреченост

ЈП депонија Дрисла Скопје обезбеди пристапна рампа за лицата со попреченост

1 февруари 2022 Дијана Велјановска Comments Off

Со цел да се оспособат лицата со попреченост за самостоен живот и целосно учество во сите аспекти од животот потребно е да се преземат соодветни мерки за да им се обезбедат на лицата со попреченост пристап, на еднаква основа со другите до физичката средина, транспорт, информации и комуникации.

За таа цел на барање на граѓаните и организациите, а по наредба на Град Скопје, ЈП депонија Дрисла Скопје на влезот во административната зграда постави пристапна рампа за лицата со попреченост.