с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Директорот Мицевски со предлог за зголемување на платите во ЈП Дрисла

Директорот Мицевски со предлог за зголемување на платите во ЈП Дрисла

23 јуни 2022 Дијана Велјановска Comments Off

Со оглед на тешката економска и социјална положба, ценовните шокови и инфлацијата која ја чувствуваат граѓаните, а во насока на нашите заложби за поддршка на стандардот и заштита на економската моќ на вработените, директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски ќе предложи на Управниот одбор на јавното претпријатие носење на одлука за зголемување на платите.

Носењето на позитивна одлука од страна на Управниот одбор ќе значи линеарно покачување на платите за сите 190 вработени во претпријатието од 2.880 денари, почнувајќи од месец јули 2022 година.

Ова би било прво покачување на платата за сите вработени откако функционира самото претпријатие.