с .Батинци, Студеничани 02/2722-500 drisla@drisla.mk

  • Home
  • Одржана годишна конференција на МАСВА посветена на „Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“

Одржана годишна конференција на МАСВА посветена на „Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“

8 јуни 2023 drisla2 Comments Off

На 29-30 мај 2023 година во хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа годишна конференција на МАСВА посветена на “Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“.

На конференцијата главниот фокус беше ставен на создавање одржлив систем за управување со отпадот, преку селектирање, соодветно отстранување, рециклирање и повторна употреба на отпадот, согласно принципите на кружната економија.

Беа презентирани досегашни искуства и позитивни практики на држави членки на ISWA како Норвешка, Австрија, Унгарија, Хрватска и други дека кружната економија, базирана на одржлив систем за управување со отпад е основа за економски развој, креирање на нови работни места и создавање на услови за унапредување на животната средина што за државата значи поквалитетен и поздрав живот.

Во рамките на конференцијата свое обраќање покрај министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, претседателот на МАСВА Михаил Матески, Деканот на Технолошко металуршкиот факултет од Скопје Стефан Кувенџиев, свое излагање имаа и претставници на неколку домашни и странски компании, како и домашни и странски екперти и професори од Машинскиот и Технолошки металуршкиот факултет од Скопје и Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.

Првиот ден, панел дискусиите беа посветени на две теми “Воведување на депозитен систем и враќање на пакувањето во Р.С.Македонија“ и “Енергија од отпад – ограничување или придобивки од земјата?“

Во текот на вториот ден, главни теми беа “Дополнителни текови на отпад во проширена одговорност на производителот“, “Финансирање на системи за одржливо управување со отпад“ и “Младите и науката во решенијата за одржливо управување со отпад“.

Директорот Александар Кузинаков во знак на одбележување на 10 годишнината од работењето на МАСВА прими признание за ЈП депонија Дрисла Скопје за особен придонес за развојот на организацијата и проширување на соработката како и унапредување на управувањето со отпад во земјава.